Sony Xperia Z5 Premium - Прво вклучување на уредот

background image

Прво вклучување на уредот

Се препорачува да ја полните батеријата најмалку 30 минути пред да го вклучите уредот првпат.
Уредот може да го користите и додека се полни. За повеќе информации за полнењето, видете
Полнење на уредот на страницата 39.
При првото вклучување на уредот, водичот за поставување ви помага да ги конфигурирате
основните поставки, да го персонализирате уредот и да се пријавите на своите сметки, на пример,
на сметката на Google™.

9

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Вклучување на уредот

1

Притиснете го и задржете го копчето за вклучување додека уредот не завибрира.

2

Внесете го PIN-кодот од SIM-картичката кога ќе се побара, а потоа допрете

.

3

Почекајте додека не се вклучи уредот.

Исклучување на уредот

1

Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.

2

Во менито со опции, допрете Исклучување.

Може да помине одредено време додека да се исклучи уредот.