Користење сообраќај на податоци при патување
Кога патувате надвор од домашната мобилна мрежа, можно е да треба да се поврзете на
интернет со користење сообраќај на мобилни податоци. Во тој случај, треба да активирате
роаминг на податоци во уредот. Може да направите дополнителни трошоци кога ќе го активирате
137
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
роамингот на податоци. Се препорачува однапред да ги проверите трошоците за пренос на
податоци.
Ако користите уред со повеќе корисници, ќе треба да се пријавите како сопственик,
односно како примарен корисник за да го активирате или деактивирате роамингот на
податоци.
Вклучување или исклучување роаминг на податоци
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.
3
Допрете го лизгачот Роаминг на податоци за да ја вклучите или исклучите
функцијата.
Не можете да активирате роаминг на податоци кога сообраќајот на мобилни податоци е
исклучен.