Sony Xperia Z5 Premium - Примање повици

background image

Примање повици

Доколку добиете повик додека уредот е во „sleep“ режим на работа, или екранот е заклучен,
апликацијата за телефон се отвора преку целиот екран. Доколку добиете повик додека екранот е
активен, повикот ќе се прикаже како предупредувачко известување, односно во минимизиран
прозорец кој лебди на горниот дел од кој било отворен екран. Кога ќе добиете такво известување,
може да изберете да одговорите на повикот и да ја отворите апликацијата за телефон, или пак да
го одбиете повикот и да останете на тековниот екран.

Одговарање на дојдовен повик кога екранот не е активен

Влечете го надесно.

Одговарање на повик кога екранот е активен

На предупредувачкото известување кое се појавува на горниот дел од екранот, допрете на
ОДГОВОР.

Наместо да одговорите на повикот, може да одите до главниот екран на апликацијата за
телефон со допирање на горниот дел од прозорецот на предупредувачкото известување.
Со помош на овој метод добивате повеќе опции да раководите со повикот. На пример,
може да одлучите да го одбиете повикот со порака или да го препратите повикот до
телефонската секретарка.

Одбивање на дојдовен повик кога екранот не е активен

Влечете го налево.

Одбивање дојдовен повик кога екранот е активен

Кога ќе добиете повик, во известувањето што ќе се појави во горниот дел од екранот,
допрете ОДБИЈ.

Наместо да го одбиете повикот, може да појдете до главниот екран на телефонската
апликација со допирање на прозорецот за известување. На овој начин имате повеќе
опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите да го одбиете повикот со
порака или да го пренасочите до телефонската секретарка.

За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик

Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.

Користење на телефонската секретарка

Може да ја користите апликацијата за телефонска секретарка на уредот за одговарање на
повиците кога сте зафатени или за нивно пропуштање. Може да ја вклучите функцијата за
автоматско одговарање и да ги определите секундите на чекање пред да се одговори автоматски
на повиците. Може и рачно да ги пренасочувате повиците до телефонската секретарка кога сте

77

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

презафатени да одговорите. Може да пристапите до пораките оставени на телефонската
секретарка директно од уредот.

Мора да снимите поздравна порака за да ја користите телефонската секретарка.

Снимање поздравна порака за телефонската секретарка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на Xperia™
> Поздрави.

3

Допрете Сними нов поздрав и следете ги инструкциите на екранот.

Вклучување или исклучување на автоматското одговарање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на
Xperia™
.

3

Допрете го лизгачот Телефонска секретарка .

Поставување време на одложување за автоматското одговарање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на Xperia™.

3

Допрете Јави се по.

4

Прилагодете го времето лизгајќи нагоре и надолу.

5

Допрете Готово.

Пренасочување на дојдовниот повик до телефонската секретарка

Кога ќе пристигне повикот, допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР, а потоа изберете Одбиј
со телефонската секретарка
.

Кога ќе пристигне повикот, може да почекате да помине поставеното време на
одложување за телефонската секретарка автоматски да одговори на повикот.

Преслушување пораки на телефонската секретарка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на Xperia™
> Пораки.

3

Одберете ја гласовната порака што сакате да ја преслушате.

Пораките од телефонската секретарка може да ги преслушате и директно од дневникот
на повици доколку допрете .

Одбивање повик со текстуална порака

Може да одбиете повик со текстуална порака. Кога одбивате повик со таква порака, таа
автоматски му се испраќа на повикувачот и се зачувува во разговорот со пораки за контактот.
Може да одберете од однапред дефинираните пораки достапни на уредот или да создадете нова
порака. Може и да создадете свои персонализирани пораки со уредување на однапред
дефинираните.

Одбивање повик со текстуална порака кога екранот не е активен

1

Кога ќе пристигне дојдовниот повик, допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Одбивање повик со текстуална порака кога екранот е активен

1

Кога ќе примите повик, допрете го прозорецот за известување каде што се прикажува
телефонскиот број или името на контактот.

2

Допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.

3

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

78

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Одбивање втор повик со текстуална порака

1

Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повикот, допрете ОПЦИИ ЗА
ОДГОВОР
.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Уредување на текстуалната порака за одбивање повик

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Одбиј повик со порака.

3

Допрете ја пораката што сакате да ја уредите, а потоа направете ги неопходните промени.

4

Допрете OK.