Безжично прикажување на екранот од уредот на ТВ-
приемник
Може да ја користите функцијата за прикажување на екранот од својот уред на ТВ-приемник или
на друг голем екран без да се користи кабелско поврзување. Технологијата Wi-Fi Direct® креира
безжично поврзување меѓу двата уреди, па може да се опуштите и да уживате во омилените
фотографии од удобноста на вашиот кауч. Оваа функција може да ја користите и за да слушате
музика од уредот со помош на звучниците од телевизорот.
Кога користите прикажување на екранот, мешањето на другите Wi-Fi мрежи може да има
негативно влијание врз квалитетот на сликата.
126
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прикажување на екранот од уредот на ТВ-екран
1
ТВ: Следете ги инструкциите во упатството за корисникот од вашиот телевизор за
вклучување на функцијата за прикажување на екранот.
2
Вашиот уред: Од својот Почетен екран, допрете .
3
Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Прикажување на
екранот.
4
Допрете ВКЛУЧИ.
5
Допрете OK и одберете уред.
Телевизорот мора да поддржува прикажување на екранот што се заснова на Wi-Fi
CERTIFIED Miracast
™
за да работи функцијата. Ако вашиот телевизор не поддржува
прикажување на екранот, треба посебно да купите адаптер за безжичен екран. Кога
користите прикажување на екранот, не покривајте ја областа за антената на Wi-Fi на
уредот.
Прекинување на прикажувањето на екранот помеѓу уредите
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > Прикажување на
екранот.
3
Допрете Исклучи, па допрете OK.