Sony Xperia Z5 Premium - Правни информации

background image

Правни информации

Sony E6853

Ова упатство за корисникот го објави Sony Mobile Communications Inc. или неговата локална филијала без никаква гаранција.
Sony Mobile Communications Inc. може да направи подобрувања и промени на ова упатство за корисникот предизвикани од
печатни грешки, неточности на тековните информации или подобрувања на програмите и/или опремата во секое време и без
известување. Сепак, таквите промени ќе бидат опфатени во новите изданија на упатството за корисникот. Сите илустрации
служат само за објаснување и не може прецизно да го опишат вистинскиот уред.
Сите имиња на производи и компании споменати овде се трговски марки или регистрирани трговски марки на нивните
соодветни сопственици. Сите други трговски марки се сопственост на нивните соодветни сопственици. Задржани се сите права
што не се јасно одобрени. Појдете на www.sonymobile.com/us/legal/ за повеќе информации.
Ова упатство за корисникот може да упатува на услуги или апликации обезбедени од трети страни. Користењето на таквите
програми или услуги може да бара одделна регистрација кај обезбедувачот на услуги од трета страна и може да биде предмет
на дополнителни услови на користење. За апликациите до коишто се пристапува на или преку веб-страница од трета страна,
проверете ги однапред условите за користење на таквите веб-страници и важечките правила за приватност. Sony не гарантира
за достапноста или перформансите на веб-локациите од која било трета страна, ниту пак за понудените услуги.
Вашиот мобилен уред има способност да презема, зачувува и препраќа дополнителна содржина, како што се тоновите на
ѕвонење. Користењето таква содржина може да биде ограничено или забрането со правата на третите страни, вклучувајќи ги,
но не ограничувајќи се на забраните со важечките закони за заштита на авторските права. Вие, а не Sony, сте целосно
одговорни за дополнителната содржина што ја преземате или препраќате од мобилниот уред. Пред да користите каква било
дополнителна содржина, проверете дали вашето намерно користење е правилно лиценцирано или овластено на друг начин.
Sony не гарантира за точноста, интегритетот или квалитетот на која било дополнителна содржина или содржина од која било
трета страна. Во никој случај Sony нема одговара на каков било начин за вашето неправилно користење на дополнителната
содржина или содржината од трета страна.
Појдете на www.sonymobile.com за повеќе информации.
Овој производ е заштитен со одредени права на интелектуална сопственост од Microsoft. Забрането е користење или
дистрибуција на таквата технологија надвор од овој производ без лиценца од Microsoft.
Сопствениците на содржината користат технологија за управување со дигиталните права на Windows Media (WMDRM) за
заштита на својата интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој уред користи софтвер на WMDRM за
пристап до содржината заштитена со WMDRM. Ако софтверот на WMDRM не успее да ја заштити содржината, нејзините
сопственици може да побараат од Microsoft да ја повлече можноста на софтверот да користи WMDRM за репродукција или
копирање заштитена содржина. Повлекувањето не влијае на незаштитената содржина. Кога преземате лиценци за заштитена
содржина, се согласувате дека Microsoft може да вклучи листа за повлекување со лиценците. Сопствениците на содржината
може да побараат надградување на WMDRM за пристап до нивната содржина. Ако одбиете надградба, нема да може да
пристапите до содржината што ја бара надградбата.
Овој производ е лиценциран со лиценците MPEG-4 visual и AVC patent portfolio за лична и некомерцијална употреба на
потрошувачот за (i) кодирање видео во согласност со стандардот MPEG-4 visual („MPEG-4 video“) или AVC („AVC video“) и/или
(ii) декодирање на MPEG- 4 или AVC видео што е кодирано од страна на потрошувач вклучен во лична и некомерцијална
активност и/или е добиено од обезбедувач на видео лиценциран од MPEG LA за обезбедување MPEG-4 и/или AVC видео.
Ниедна лиценца не е одобрена или нема да се подразбира за каква било друга употреба. Дополнителни информации, во
коишто спаѓаат оние што се однесуваат на промотивна, внатрешна и комерцијална употреба и лиценцирање, може да се
добијат од MPEG LA, L.L.C. Погледнете на www.mpegla.com. MPEG Layer-3 технологијата за декодирање аудио е лиценцирана
од Fraunhofer IIS and Thomson.
SONY MOBILE НЕ ОДГОВАРА ЗА КАКВА БИЛО ЗАГУБА, БРИШЕЊЕ И/ИЛИ ЗАМЕНУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ИЛИ
ДАТОТЕКИ ЗАЧУВАНИ ВО ВАШИОТ УРЕД (ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ КОНТАКТИТЕ, ПЕСНИТЕ И СЛИКИТЕ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ
СЕ НА НИВ) ШТО Е РЕЗУЛТАТ НА АЖУРИРАЊЕ НА УРЕДОТ СО НЕКОЈ ОД НАЧИНИТЕ ОПИШАНИ ВО УПАТСТВОТО ИЛИ
ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА КОРИСНИКОТ. ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, ВКУПНАТА ОДГОВОРНОСТ НА SONY MOBILE ИЛИ НЕГОВИТЕ
ДОСТАВУВАЧИ НЕМА ДА ЈА НАДМИНЕ ВКУПНАТА СУМА ШТО СТЕ ЈА ПЛАТИЛЕ ЗА УРЕДОТ ЗА НАСТАНАТИТЕ ШТЕТИ,
ЗАГУБИ И ПРИЧИНИ ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ (ПОД ДОГОВОР ИЛИ ДЕЛИКТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА
НЕБРЕЖНОСТ ИЛИ ДРУГО).
© 2016 Sony Mobile Communications Inc.
Сите права се задржани.

151

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.