Елементи
Елементите се мали апликации што може да ги користите директно на почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги гледате
основните временски информации директно на почетниот екран. Кога ќе го допрете елементот, се
отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Google
Play™.
Додавање елемент на почетниот екран
1
Допрете и задржете каде било на празната област на вашиот Почетен екран додека
уредот не почне да вибрира, потоа допрете Елементи.
2
Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.
29
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Менување големина на графичките контроли
1
Допрете ги и задржете ги графичките контроли додека уредот не почне да вибрира, па
пуштете ги. Ако големината на графичките контроли може да се менува, на пример,
Календарот, ќе се појават истакната рамка и точки за менување големина.
2
Влечете ги точките навнатре или нанадвор за да го намалите или зголемите елементот.
3
За да ја потврдите новата големина на графичките контроли, допрете каде било на
Почетен екран.
Преместување графички контроли
•
Допрете ги и задржете ги графичките контроли додека уредот не почне да вибрира, па
повлечете ги кон новата локација.
Отстранување графички контроли
•
Допрете ги и задржете ги графичките контроли додека уредот не почне да вибрира, па
повлечете ги кон Отстрани од почетен екран.